Дома Трансфер зона Милан преговара со ѕвездата на Локомотив Москва

Милан преговара со ѕвездата на Локомотив Москва

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Локомотив Москва, Алексеј Миранчук.

„Спортмедиасет“ пренесува дека „росонерите“ веќе стапиле во контакт со рускиот играч за врска, кој влезе во последната година од договорот со рускиот клуб.

Миранчук го привлече вниманието на Милан за време на натпреварите од Лигата на шампиони, кога постигна гол во двата меча против Јувентус.

Локомотив Москва покажува интерес за играчот на Милан, Диего Лаксалт, па „росонерите“ се спремни да му понудат трампа на рускиот клуб.

24-годишниот Миранчук игра позади напаѓачите, но може да игра и на крилните позиции и сигурно би бил големо засилување за миланскиот гигант.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ловрен го напушта Енфилд и заминува далеку од Англија

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен е пред заминување од Енфилд. Иако со Лив…