Дома Трансфер зона Милан на состанок со Мендеш: Откриена темата на разговор

Милан на состанок со Мендеш: Откриена темата на разговор

Милан катастрофално ја отвори сезоната и моментално се наоѓа на 14-то место, па „росонерите“ ќе мораат да се засилат во зимскиот преоден рок.

Овие денови е многу прометно во канцелариите на Милан, па после состанокот со Мино Раиола сега медиумите откриваат дека Звонимир Бобан имал состанок и со Жорге Мендеш.

Една од темите на состанокот бил Николас Отаменди, кој на крајот на сезоната би можел да го напушти Манчестер Сити, а „росонерите“ сакаат да го донесат на Сан Сиро.

Меѓутоа, главната цел на Милан е португалскиот репрезентативец, Рубен Невеш од Вулверхемптон. Наводно двата клуба спремаат трампа во која ќе биде вклучен Франк Кеси, кој е на излезна врата од клубот.

Невеш е еден од најдобрите плејмејкери во Премиер лигата, а Милан е спремен за неговиот потпис да го понуди Кеси плус одредена сума пари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мбапе одби продолжување на договорот и со тоа најави трансфер

Нема дилеми дека Килијан Мбапе ќе стане најдобриот играч на светот во наредните години. Иа…