Дефанзивецот Никола Миленковиќ беше мета на Милан и Интер во летниот преоден рок, но на крајот остана во Фиорентина.
Миленковиќ се етаблираше во еден од најдобрите стопери во Серија А, па Фиорентина за неговата слобода бара 40 милиони евра, сума која споменатите клубови не беа спремни да ја платат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проблем за „виолетовите“ е што Миленковиќ на крајот на сезоната ќе влезе во последната година од договорот, па неговата цена драстично ќе падне.
Раководните луѓе на Фиорентина веќе започале преговори со агентот Рамадани за продолжување на соработката, но тешко дека двете страни ќе стигнат до договор.
Поради тоа Интер и Милан внимателно ја следат ситуацијата и спремаат нов напад во јануари за потписот на српскиот репрезентативец.