Дома Трансфер зона Милан има четири желби и за нив му се потребни 100 милиони евра

Милан има четири желби и за нив му се потребни 100 милиони евра

Новиот тренер на италијанскиот фудбалски клуб Милан ќе има на располагање 100 милиони евра за трансфери, пренесуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пренесува дека сумата ќе биде искористена за ангажирање на најмалку четворица играчи.

Сумата за доведување нови имиња ќе се зголеми доколку Милан ова лето успее да продаде некои од своите фудбалери. Италијанските медиуми пишуваат дека „росонерите“ се во потрага по еден напаѓач, стопер, дефанзивец и дефанзивен играч за врска. За улогата на одбранбен играч за врска, главен приоритет е Јусуф Фофана (25) од Монако, кој би чинел околу 25 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан наводно покажал голем интерес и за холандскиот напаѓач Џошуа Циркзе (23), за кого Болоња бара 40 милиони евра, а кој е хит сезонава со 12 гола и седум асистенции на 37 натпревари.

Пред неколку дена Милан на својата официјална веб-страница го потврди заминувањето на тренерот Стефано Пиоли, а се очекува на негово место да дојде Португалецот Фонсека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Медиумите по потписот го потсетија Ракитиќ на изјава до 2006 година

Хрватскиот ветеран Иван Ракитиќ и официјално беше претставен како нов фудбалер на Хајдук о…