Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е во преговори со кинески клуб за трансфер на Фабио Борини.
Имено, кинескиот клуб Шензен е силно заинтересиран за Италијанецот и е спремен да понуди 15 милиони евра, сума која ќе ги задоволи апетитие на „росонерите“.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Борини оваа сезона запиша 11 настапи и е вистински универзалец, но нема загаранирано место во тимот на Гатузо.
Италијанските медиуми тврдат дека Милан е спремен да ја прифати понудата и веќе нашол замена, а станува збор за ѕвездата на Порто, Брахими.
На Брахими му истекува договорот на крајот на сезоната, па Порто е спремен да го продаде во јануари за сума од 10 до 15 милиони евра.