Дома Трансфер зона Милан го „краде“ Смолинг пред носот на Рома

Милан го „краде“ Смолинг пред носот на Рома

Рома би можела да го врати Крис Смолинг во Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната, иако од клубот имаат голема желба да го задржат дефанзивецот во своите редови.

Англичанецот оваа сезона игра на позајмица во Рим и сите во Рома се задоволни од неговите партии.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ немаат проблем да го продадат Смолинг, но ја известиле Рома дека за неговиот потпис бараат најмалку 20 милиони евра. Самиот клуб сака долгорочен договор, па „волчицата“ ќе  мора да издвои околу 40 милиони евра за играч кој наскоро ќе наполни 31 години.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој е во потрага по дефанзивец и е спремен да ги плати бараните 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…