Дома Топ вести Милан го договори „бисерот“ на Црвена Звезда

Милан го договори „бисерот“ на Црвена Звезда

Милан и Црвена Звезда постигнале начелен договор за трансфер на талентираниот напаѓач Марко Лазетиќ, пренесуваат италијанските медиуми.

Лазетиќ има само 17 години и оваа сезона запиша неколку меча за првиот тим на Црвена Звезда, но тоа беше доволно за да го приметат скаутите на италијанскиот гигант.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Станува збор за талентиран напаѓач, кој го привлече вниманието со двата гола против Зенит во младинската Лига на шампиони.

Милан за неговиот потпис со вклучени бонуси ќе плати 6 милиони евра и сака трансферот да го комплетира до крајот на јануари.

Лазетиќ во следните денови треба да пристигне во Милано на лекарски прегледи и да стави потпис на 4 и пол годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…