Дома Фудбал Останато Меси: Се боревме и патевме, се плашев искрено, многу се плашев…

Меси: Се боревме и патевме, се плашев искрено, многу се плашев…

Најдобриот фудбалер на Аргентина, Лионел Меси смета дека неговата селекција заслужи да игра на СП во Русија, и покрај се што мина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентина по голема драма во последното коло од квалификациите успеа да се квалификува на Мундијалот, а херој за Гаучосите беше Лео Меси кој со хет-трик донесе победа над Еквадор.

„Заслуживме да поминеме поради се низ што минавме. Губевме некои дуели, не е лесно кога по сето тоа мораш да играш, но сето тоа не направи посилни“, истакна Меси.

Аргентина квалификациите ги заврши на третата позиција, а покрај неа на Мундијалот од Јужна Америка ќе одат Бразил, Уругвај и Колумбија, додека Перу ќе го бара својот пласман преку баражот.

„Се плашев дека нема да се квалификуваме. Многу бев исплашен. Тоа би било катастрофа за Аргентина, за нас, за сите. Се боревме, патевме и не дозволивме да останеме без пласман во Русија“, истакна еден од најдобрите играчи на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн Минхен договори ѕвезда на Мароко за 55 милиони евра (Фото)

Германскиот гигант Баерн Минхен го договори трансферот на мароканскиот репрезентативец Исм…