Лионел Меси минатата во текот на вчерашниот ден ја прими „Златната копачка“, а веќе денес стави потпис на договорот со Барселона до 2021 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веќе добро познато е дека Меси и Роналдо се големи ривали, барем тоа така е претставено во медиумите, иако и двајцата никогаш не упатиле критики еден кон друг.
Сега Меси беше запрашан за неговиот однос со Португалецот.
„Не можам да кажам дека сум пријател со Роналдо. Ние немаме никаков однос, се гледаме само на доделувањето на наградите и тогаш имаме прилика да разговараме. Пријателство се гради со заедничко поминато време и запознавање. Можам да кажам само дека помеѓу нас нема никакви проблеми“, зборуваше Аргентинецот.