Дома Топ вести Меси не доаѓа на тренинг, Барса го казнува драстично

Меси не доаѓа на тренинг, Барса го казнува драстично

Лионел Меси влезе во отворена „војна“ со Барселона и реши да не ги исполнува своите обврски кон клубот.

Шпанските медиуми наведуваат дека Меси го пропушти и денешниот тренинг како и вчерашниот повик за тестирање.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Аргентинецот смета дека завршил со каталонскиот клуб, чиј член е речиси две децении, и нема намера да се врати на обврските кон Барселона.

Дури и по цена на големата казна која го очекува. Односно, за тоа што вчера не се појави на тестирањето за корона вирус, тој треба да плати повеќе од половина милион евра.

Во Барселона сметаат дека тоа што го прави нивниот капитен е недопуштено и ќе продолжат да го казнуваат. Анекс во договорот потврдува дека ако играч три пати неоправдано не се појави на тренинг ќе биде казнет со 25% од платата.

Каталонските медиуми тврдат дека Меси ќе биде казнет со 110.000 на ден, бидејќи се уште е со договор врзан со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Родриго донесе драстична одлука во Реал Мадрид по интересот од Ливерпул и Манчестер Сити

Родриго донесе голема одлука откако разговараше со Чаби Алонсо откако се појавија информац…