Дома Фудбал Останато Меси вечерва може да го сруши легендарниот рекорд на Пеле!

Меси вечерва може да го сруши легендарниот рекорд на Пеле!

Вечерва од 21:00 часот екипата на Барселона гостува кај Кадиз во рамките од 12. коло во шпанската Примера.

Овој натпревар може да биде посебен за Лионел Меси кој може да сруши рекорд на Пеле. Пеле во дресот на Сантос од 1956 до 1974 година постигна 643 голови и тоа е рекорд кој долги години беше недостижен, меѓутоа сега Меси е многу блиску. За Барселона Меси има постигнато 641 гол што значи дека ако вечерва постигне хет-трик ќе го прескокне Пеле.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Пеле е рекордер и според вкупниот број на голови, таму е на бројка од 757, но Кристиано Роналдо веќе има 750 голови и сериозно му се заканува. Меси во оваа категорија е на бројката од 712 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …