Фудбалската репрезентација на Мексико го заврши учеството на овогодинешното издание на Копа Америка, oткако не успеа да го победи Еквадор во директна пресметка за второто место во групата – 0:0!
Двете селекции групната фаза ја завршија со по четири бода, а Еквадорците на крајот имаат подобра гол разлика. Но и многу среќа, бидејќи ВАР ги спаси во 99. минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Судијата Марио Ескобар најпрвин покажа на белата точка по наводниот фаул на Феликс Торес, но во меѓувреме доби сигнал од ВАР-собата, ја погледна снимката и реши да ја промени првичната одлука.
Мексико, инаку, доминираше на натпреварот. Имаа четири одлични шанси, дури 18 удари кон голот на ривалот.
Од оваа група како првопласирана селекција оди Венецуела која ја победи Јамајка со 3:0 и во нокаут фазата ќе игра против Канада, додека Еквадорците ќе се соочат со Лионел Меси и Аргентина.