Француската репрезентација синоќа се пласира во финалето на Светското првенство откако ја совлада Белгија со 1:0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уште една фантастична партија одигра 19-годишниот Мбапе, кој после мечот изјави дека ова за него е сон.
„Ниту во сон не замислувам дека ќе се случи ова. Резултатите се доказ дека кога се работи напорно, чесно, се игра тимски, следува награда. Што се однесува до мене, најважно ми е да го освоиме трофејот, додека индивидуалните признанија не ми се многу важни. Ова е сон на мојот живот. Ми останува и натаму да сонувам“, истакна Мбапе.
Херој на „триколорите“ синоќа беше дефанзивецот Умтити, кој го постигна победоносниот гол.
„Многу сум среќен, овој гол е веројатно најважната работа во мојата кариера. На крајот, во финале сме, тоа е неверојатно. Работевме многу за овој момент и ја постигнавме нашата прва цел“, изјави Умтити.