Дома Фудбал Останато Мбапе најплатен фудбалер во светот, пред Роналдо и Меси

Мбапе најплатен фудбалер во светот, пред Роналдо и Меси

Агенцијата „Спортико“ направи истражување за приходите на фудбалерите за сезоната 2022/2023, а листата ја предводи ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот Французин ќе заработи 125 милиони долари за сезоната 2022/23. Од нив 105 милиони долари се плата, а останатите 20 се приходи од спонзорски договори.

Кристиано Роналдо е втор на листата со 113 милиони долари (53 милиони долари плата и 60 милиони долари од спонзорски договори), додека соиграчот на Мбапе, Лионел Меси е трет со 110 милиони долари.

Интересно е што на седмото место е Андрес Иниеста кој настапува за јапонски Кобе. Тој во Јапонија заработува 23 милиони долари годишно, а дополнителни седум милиони долари доаѓаат од спонзорски договори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тунис понижен пред очите на Кедира во Монтереј (Видео)

Фудбалската репрезентација на Јапонија со големи чекори е на пат кон следната фаза на Свет…