Килијан Мбапе со последното интервју само ги засили шпекулациите за негово заминување од Пари Сент Жермен.
Мбапе одбива да го продолжи договорот со ПСЖ и на лето најверојатно како слободен агент ќе се пресели во Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот гигант се обиде да го купи 22-годишниот Французин минатото лето, но не успеа да го убеди ПСЖ ниту со 200 милиони евра.
Со последната изјава дадена за француските медиуми Мбапе индиректно потврди дека ќе го промени клубот и државата.
„Човечките врски се посилни од парите. Животот е непредвидлив, тој вреди многу повеќе од парите. Сакам да откривам нови работи, да патувам, да запознавам нови фудбалери, различни култури…“, изјави меѓу другото Мбапе.