Дома Фудбал Останато Мбапе е бесен на Погба поради црна магија

Мбапе е бесен на Погба поради црна магија

Скандалот околу Пол Погба расте се повеќе и повеќе. Како што веќе е познато, францускиот репрезентативец пријави во полиција во својата татковина и Италија дека бил жртва на обид за изнуда од банда во која членувал и еден од неговите браќа – Матијас.

Семејната драма продолжи со многу обвинувања меѓу двете страни, при што Матијас се закани дека ќе направи шокантни откритија за ѕвездата на Јувентус.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Според братот на Погба, тој побарал од шаман да му направи црна магија на неговиот соиграч од Франција, Килијан Мбапе. Иако играчот од средниот ред негираше такво нешто, во Франција напишаа дека Мбапе и неговите блиски будно го следат развојот на скандалот. Напаѓачот на Пари Сен Жермен е многу лут и голема е можноста да се влоши односот меѓу двајцата.

Доколку некако се докажат тврдењата на братот на Погба, играчот од средниот ред речиси сигурно ќе го загуби местото во француската репрезентација. Тренерот Дидие Дешамп нема да дозволи да се влоши атмосферата во тимот и би го жртвувал Погба, тврдат француските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо го носи Де Брујне во Ал Наср

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот и кариерата да …