Дома Фудбал Останато Мајката на Роналдо со чудна објава за нејзиниот син и Јувентус (ФОТО)

Мајката на Роналдо со чудна објава за нејзиниот син и Јувентус (ФОТО)

Долорес Авеиро е мајка на славниот Португалец Кристиано Роналдо, таа објави фотографија од својот син на Твитер и порача дека е горда на својот син.

Ништо во таа објава немаше да биде чудно ако над фотографијата која ја објави Долорес помеѓу другото не пишуваше дека Кристиано го спасил Јувентус од испаѓање и му помогнал на торинскиот клуб да го освои првиот трофеј после 20 години чекање.

Ова ги шокираше и ги збуни сите фанови на Роналдо, а во коментарите голем број фанови и сугерираа на Долорес дека Јувентус го освоил осмото Скудето во низа.

Госпоѓата Авеиро очигледно не следи премногу фудбал, но барем знае дека нејзиниот син е член на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аталанта го прекина низот порази со победа над Венеција

Аталанта ја прекина низата од три порази со победа од 3-1 против Венеција, благодарение на…