Дома Македонски спорт Мак фудбал Марио Станковски трагичар, Скопје го изненади Работнички!

Марио Станковски трагичар, Скопје го изненади Работнички!

10. коло во ПМФЛ започна со изненадување, Работнички на Националната Арена бше поразен со 0:1.

 Натпреварот беше решен со автоголот на Марио Станковски кој си ја погоди сопствената мрежа во 56. минута. По еден корнер од левата страна топката го погоди Станковски и заврши во голот.

Работнички пред голот пропушти неколку одлични прилики, а Марио Станковски не реализираше и пенал. Голманот на Скопје, Андреј Ефремов го одбрани неговиот удар. После околу еден час игра Работнички остана и со играч помалку, исклучен беше Бојан Илиевски.

Во финишот и Скопје доби пенал, одговорностај а презеде Иво Јанакиевски, но голманот Мустафа го одбрани неговиот удар.

За Работнички ова беше втор пораз во низа откако во минатото коло беа поразени од Шкупи, о друга страна Скопје влегува во добра мини серија од три натпревари без пораз, од кои два се победа.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Рангник: Кога ќе се јави Манчестер Јунајтед, не постои можност да се одбие

Манчестер Јунајтед денес и официјално го претстави Ралф Рангник за нов менаџер до крајот н…