Дома Фудбал Марио Манџукиќ денес испиша нова страница во историјата на светските првенства

Марио Манџукиќ денес испиша нова страница во историјата на светските првенства

Напаѓачот на репрезентацијата на Хрватска направи нешто што до денес не е забележано во финалињата на светските првенства.

Хрватскиот репрезентативец, Марио Манџукиќ испиша историја во вечерашното финале на Мундијалот.

Фудбалерот на Јувентус денес на два пати ја тресеше мрежата, но еднаш ја погоди сопствената мрежа.

Никогаш до денес не се случило еден фудбалер да постигне автогол во едно финале на Светско првенство, а Манџукиќ покрај тоа успеа да постигне и гол во противничката мрежа.

Манџукиќ прво ја погоди сопствената мрежа во 18 минута, а потоа ја искористи неверојатната грешка на Лорис за да постигне и гол за својата селекција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер сака да го задржи Турам, но со помала загарантирана плата

Планот за продолжување на договорот до 2031 година наиде на пречка: Турам сака најмалку да…