Дома Останати Тенис Мареј како некогаш: По драма од скоро пет часа го победи Беретини!

Мареј како некогаш: По драма од скоро пет часа го победи Беретини!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Британскиот тенисер Енди Мареј се пласираше во второто коло на Австралија Опен откако по голема драма и скоро пет часа игра го елиминираше Италијанецот, Матео Беретини.

Британецот славеше со 3:2 во сетови 6:3, 6:3, 4:6 (7)6:7, 7:6(6). Во овој меч на „Род Лајвер Арената“ Мареј играше како во најдобрите денови.

Во првиот сет Британецот стигна до брејк веќе на стартот и покажа дека е спремен за дуел со 14-тиот светски тенисер во овој момент. Предноста успеа да ја зачува и да го добие сетот за 1:0.

Мареј одлично стартуваше и во вториот каде што веднаш го одзема сервисот на Беретини. И тука не ја испушти предноста освојувајќи го сетот за 2:0.

Италијанецот се разигра во третиот сет кога за првпат стигна до брејк, а подоцна намали на 2:1. Во четвртиот сет немаше брејкови. Се решаваше во тај-брејк каде што Беретини ја искористи четвртата сет топка и изедначи на 2:2.

Петиот сет донесе кулминација на драмата. Беретини водеше со 5:4 и имаше меч топка на сервис на Мареј, но Британецот успеа да се спаси и да се избори за супер тај-брејк кој се играше до 10 освоени поени.

Одлучувачкиот гем Мареј го започна одлично и поведе со високи 5:0, но Беретини успеа да се врати и да намали на 8:6. Сепак во финишот Мареј покажа искуство и дојде до најголемата победа од неговото враќање на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски поразен, не успеа да се избори за уште едно финале

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Македонскиот најдоба…