Дома Фудбал Останато Марадона: Мурињо е најдобриот тренер во светот

Марадона: Мурињо е најдобриот тренер во светот

Иако Жозе Мурињо со Манчестер Јунајтед не постигнува големи резултати, легендарниот Диего Марадона го смета Португалецот за најдобар тренер во светот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во разговор за шпанска „Марка“, Марадона сосема искрено призна дека за него Мурињо е најдобар во светот.

„За мене Мурињо без дилеми е најдобриот тренер во светот“, изјави Марадона.

Иконата на аргентинскиот фудбал го прокоментира и учинок на Пеп Гвардиола.

„Пеп заслужува признание бидејќи искористи се што му даде еден Јохан Кројфт. Уште еднаш ќе кажам. Не ја измисли тој тика-така, тоа го направи Кројфт. Пеп сега може да го избере било кој играч на светот и така себе си ја олеснува тика-така“, истакна легендарниот Аргентинец.

Ќе потсетиме, Марадона во овој момент работи како тренер во мексиканскиот вторлигаш Дорадос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона го плати 80 милиони евра, а навивачите веќе се разочараа: Ќе биде промашување на векот! (Видео)

По натпреварот, снимките од неговата игра се распространија брзо на социјалните мрежи, а р…