Дома Фудбал Манчини: Вардар е одличен тим, резулатот е плод на нашата одлична тимска игра

Манчини: Вардар е одличен тим, резулатот е плод на нашата одлична тимска игра

Веднаш по натпреварот прес конференција за медиумите одржа тренерот на Манчестер Сити Роберто Манчини.

„Одигравме одлично, резултатот го покажува тоа. Но, Вардар воопшто не е лесен противник, оваа победа е заслуга на нашата добра подготовка за овој натпревар. Навистина не очекувавме ваков натпревар, го следев Вардар во натпреварот против Фенербахче тие покажаа навистина многу, имаат одличен тим. Не можам да издвојам еден играч од нашиот тим, за ваквиот резултат  е заслужен е целиот тим“, изјави Манчини.

По завршувањето на конференцијата на Манчини, во салата за прес конференција се очекува да пристигне и тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Келси се врати со два гола, Ренџерс со „четворка“ му се приближи на Селтик

Ренџерс го совлада Сент Џонстон со 4-0 на „Ајброкс“ и стигна до седмата победа во последни…