Бразилецот Антони како големо засилување пристигна во Манчестер Јунајтед, но засега е далеку од исполнување на очекувањата.
Тој е означен како едно од најголемите промашувања во историјата на клубот со оглед на сумата која „црвените ѓаволи“ ја платија за него.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Оваа сезона тој запиша само два настапи во Премиер лигата и јасно е дека за него нема место во тимот на „црвените ѓаволи“.
Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од Бразилецот, но не може да најде купец поради неговата висока плата и слаба форма.
Поради тоа клубот од „Олд Трафорд“ е спремен да го испрати на позајмица во јануари, а и самиот фудбалер е отворен да ја промени средината.