Младиот плејмејкер на Бреша, Сандро Тонали важи за еден од најголемите таленти на Апенините и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.
18-годишниот Тонали неоадамна доби повик и од италијанската репрезентација, а во Италија веќе го доби епитетот „новиот Пирло“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За неговиот потпис се заинтересирани сите големи италијански клубови, но сега во трката за приклучи и Манчестер Јунајтед.
Сопственикот на Бреша, Масимо Челино изјави дека англискиот клуб воспоставил контакт со него и наскоро ќе достави понуда за фантастичниот плејмејкер.
Меѓутоа, италијанскиот клуб за неговата слобода бара 50 милиони евра, па останува да видиме дали „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат таа сума.