Манчестер јунајтед е заинтересиран за голманот на Интер, Џордан Андре Онана, пренесуваат медиумите на Апенините.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Црвените ѓаволи“ се во потрага по нов голман откако потврдија дека Де Геа нема да го продолжи договорот.
Прва мета е токму Онана, кој имаше фантастична сезона во дресот на Интер.
Интер минатото лето го доведе Онана како слободен агент, а сега за неговата слобода бара најмалку 40 милиони евра.
Интер е спремен да го продаде Онана бидејќи тоа за клубот ќе биде чиста заработка, а познато е дека „нероатѕрите“ имаат финансиски проблеми.