Завршницата од преодниот рок би можела да донесе изненадувачки трансфер од страна на Манчестер Јунајтед.
Според последните информации кои ги пласираа медиумите на Островот, Јунајтед размислува за ангажман на Доминик Калверт Луин. Напаѓачот на Евертон во минатото се поврзуваше со трансфер во поголемит клубови, но подоцна забележа пад во неговата форма и остана на „Гудисон Парк“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега реномираниот „Скај Спорт“ пренесува дека тој би можел да биде ново име во редовите на Јунајтед. Сепак, како што се наведува за овој трансфер да се реализира потребно е прво клубот некого да продаде.
Јунајтед во овој преоден рок веќе ги доведе Џошуа Зиркзе од Болоња и Лени Јоро од Лил, додека само официјална потврда се чека за двоецот од Баерн Минхен, Матијас Де Лихт и Нусаир Мазрауи.
Кога ќе се комплетираат трансферите на Де Лихт и Мазрауи, Јунајтед ќе стигне до потрошени 150 милиони евра во овој преоден рок.