Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед во едно нешто е лидер во Премиер лигата (ФОТО)

Манчестер Јунајтед во едно нешто е лидер во Премиер лигата (ФОТО)

Навивачите на „црвените ѓаволи“ судејќи според стартот ги чека уште една турбулентна сезона.

Играчите на Оле Гунар Солскјер на најдобар можен начин ја стартуваа сезона победувајќи го Челзи со 4:0. Тогаш изгледаше дека ќе гледаме некој нов подобар Јунајтед, но демантот стигна во наредните кола.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Веќе во второто коло следуваше шок и тоа на „Олд Трафорд“. Јунајтед го дочека Кристал Палас кој ги шокираше и ги победи со 2:1. Во тој натпревар длабоко во судиското продолжение гол постигна Ван Анхолт. Ниту во наредниот натпревар не успеаа „ѓаволите“ да слават, против Саутемптон одиграа 1:1.

После ваквите резултати навивачите го критикуваа Оле Гунар Солскјер. Меѓутоа Солскјер може да пронајде алиби во еден податок. Имено, Манчестер Јунајтед е тимот со најмладиот стартен состав во првите четири кола со просек од 24 години и 312 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Едноокиот фудбалер ја осветли сцената на Африканскиот куп на нации

Буркина Фасо ја победи Гвинеја со 2:1 во првиот натпревар од групата Е на Африканскиот куп…