Викендот кој измина беше малерозен за тренерите ширум Европа, па така „летнаа“ три тренерски глави ширум Европа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, најтрофејниот белгиски тим Андерлехт му врачи отказ на тренерот Рене Вајлер, а во исто време тренерот го отпуштија и бундеслигашот Волфсбург, како и шпанскиот прволигаш Алавес.
Андерлехт по девет кола во националното првенство има освоено само девет бода, од кои само еден на последните шест меча.
Речиси во исто време отказ доби и тренерот на Волфсбург, Андреас Јонкер. „Волците“ под водство на 54-годишниот Јонкер забележаа само една победа во воведните четири натпревари во Бундеслигата.
Прва тренерска смена викендов се случи и во Примера, каде отказ доби тренерот на Алавес, Луис Субелдија. Алавес сезона ја започна со четири порази и е единствениот тим во Шпанија кој сѐ уште нема постигнато гол.