Дома Топ вести Малдини утре патува во Белгија по „новиот Де Брујн“

Малдини утре патува во Белгија по „новиот Де Брујн“

Директорите на Милан, Паоло Малдини и Фредерик Масара утре ќе патуваат во Белгија за да го финализираат трансферот на ѕвездата на Клуб Бриж, Чарлс де Кетелар.

21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, минатата сезона блесна во дресот на Клуб Бриж и е примарна трансфер цел на „росонерите“.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Милан пред неколку дена испрати прва понуда од 25 милиони евра која беше одбиена, а сега испрати нова од 30 милилиони евра плус 5 милиони како бонуси.

Де Кетелар веќе ги договори личните услови со „росонерите“, па директорите утре ќе отпатуваат во Белгија за да ги договорат последните детали од трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…