Дома Останати Ракомет „Македонците се луди, тие го сакаат и живеат за Вардар“

„Македонците се луди, тие го сакаат и живеат за Вардар“

На почетокот на април Сташ Скубе си замина од Вардар и кариерата ја продолжи во Мешков Брест со кој потпиша договор на две години. Во интервју за белоруските медиуми Скубе помеѓу другото зборуваше и за времето поминато во Скопје.

Освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите.

„Тоа беше еден од моите најдобри моменти во животот, таа среќа не се опишува. За првпат бев на Ф4 и направивме сензација, трениравме и се боревме во важните натпревари до последната секунда. Имавме проблеми, но покажавме карактер, горд сум на тимот и соиграчите. На клупата имавме само 8-9 ракометари и секој даде 100% на теренот, имавме среќа, но ја заслуживме“.

Пречекот во Скопје нема да го заборави никогаш.

„Пречекот кога се вративме во Скопје беше како од соништата, сигурно никогаш нема да го заборавам. Македонците се луди навивачи, тие го сакаат и живеат за Вардар. Сакам и се надевам дека клубот ќе остане на високо ниво. Навивачите заслужуваат да имаат силен Вардар“, изјави Скубе.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Играчот за кого Роналдо рече дека е подобар од него: Славата го уништи, кокаинот го однесе во затвор

Го споредуваа со Фиго, требаше да биде дел од новата генерација на Португалија предводена …