Eден од најталентираните македонски кошаркари кој го носи дресот на Пиемонте во италијанската јуниорска лига одигра супер натпревар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јакимовски во победата против Палаканестро колеџ (93:89) оствари дабл учинок со дури 42 поени и 20 скока.
Инаку, Јакимовски е еден од лидерите на репрезентацијата на Македонија до 18 години и оние кои што го следат веројатно и не се толку изненадени од овој негов супер учинок. Тој веќе втора сезона игра на „Чизмата“, истовремено настапува и за третолигашот Баскет Торино во сениорска конкуренција.
Со 18 години тој е висок 200 сантиметри, а негова позиција е ниско крило.