Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија повторно разчара, Холандија пресилна за нас

Македонија повторно разчара, Холандија пресилна за нас


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Македонската репрезентација го запиша вториот пораз на Светското првенство, откако вечерва бевме поразени од Холандија со 34:24.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа рамноправни само во првите пет минути од мечот, кога водевме со 1-0, 2-1 и 3-2. Потоа следуваше серија од 5-0 на Холанѓаните за водство од 7-3 по што „лалињата“ не го испуштија водството до крајот на полувремето,

Слабата игра во одбраната, како и фантастичните одбрани на голманот Равенсбергер, направија Холандија да изгледа супериорно и на одмор заминаа со предност од (18:11).

На почетокот на второто полувреме заигравме подобро и во првите десетина минути успеавме да дојдеме до четири гола негатива, но потоа следеше нов пад на играта.  Холандија ни одржа вистинска лекција и на крајот славеше со 34:24.

Најефикасен во холандската селекција и на натпреварот беше Смитс со 10 голови, а во нашиот тим по четири погодоци постигнаа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски.

Фото: МИА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

„Бомба“ во НБА: Кајри Ирвинг побарал трејд!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Ѕвездата на Бруклин …