Дома Македонски спорт Мак баскет Македонија во драматичен финиш го победи Исланд

Македонија во драматичен финиш го победи Исланд

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години со 62:60 го победи Исланд во првиот натпревар од Евробаскетот кој се одржува во Скопје.

Нашите репрезентативци добро го почнаа мечот, па по првата четвртина имаа предност од еден поен, но Исланд заигра многу подобро и на полувреме замина со предност од 27:24.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Во третиот квартал од мечот, Македонија цело време бркаше резултатски приклучок. Во последните моменти од мечот Лука Стојановски реализираше едно положување за водство на Македонија од 62-60. Исланд имаше уште три секунди до крајот, се обидоа со тројка да дојдат до победа, но топката излезе од обрачот по што почна радоста на нашите кошаркари.

Најдобар стрелец во нашите редови беше Андреј Јакимовски со 12 постигнати поени, а кај Исланд најпрецизен беше Сигвалди Егертсон со 18 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Елмас: Против Италијанци секогаш е тешко, посебно против Јувентус

Македонскиот фудбалер, Елиф Елмас во интервју за клупската страница на Лајпциг зборуваше п…