Дома Фудбал Англија Л’Eкип: Гвардиола го договори првото засилување

Л’Eкип: Гвардиола го договори првото засилување

Додека се чека конечната одлука дали сезоната во ПЛ ќе продолжи или ќе заврши поради пандемијата, Пеп Гвардиола веќе работи на засилувања за следната сезона.

Според пишувањата на Л’Екип, играчот на Лион, Хусем Ауар дефинитивно ќе се пресели во Сити, без оглед на тоа дали Лион следната сезона ќе игра во Европа или не.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Лион остана без Европа после одлуката на Францускиот фудбалски сојуз да го прекине првенството, но се уште се натпреварува во ЛШ и води правна битка за поништување на одлуката на Лига 1.

Сити и Лион во преговорите за овој 21-годишен Французин и производ на школата на Лион договориле за околу 60 милиони евра пред почетокот на новата сезона да се пресели на Етихад.

Талентираниот Ауар се наоѓа на мета уште на неколку големи клубови, но се поверојатно е дека Сити ќе биде неговиот следен клуб. Оваа сезона за Лион на 25 одиграни натпревари постигна три гола и запиша три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал вчера загуби, но Перез посебно бил воодушевен од еден фудбалер: Лично му се јавил веднаш по натпреварот!

Реал Мадрид беше поразен на гостувањето кај Ливерпул (1:0) во четвртото коло од Лигата на …