Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ „колач“: Јувентус заработи најмногу, „кралевите“ на третото место, но второто место ќе ве ИЗНЕНАДИ!

ЛШ „колач“: Јувентус заработи најмногу, „кралевите“ на третото место, но второто место ќе ве ИЗНЕНАДИ!

Mинатата сезона Реал Мадрид стигна до својата втора титула во низа во Лигата на шампионите, но „кралевите“ не се клубот кој заработи најмногу, тие се дури на третата позиција.

Најмногу пари во минатогодишното издание на Лигата на шампионите заработи клубот кој загуби во финалето, екипата на Јувентус. „Старата дама“ вкупно инкасирала сума од 110 милиони евра.

Реал Мадрид како што споменавме не е ниту на втората позиција, тука изненадувачки се наоѓа англискиот претставник Лестер со заработени 81.6 милиони евра, додека гигантот од Мадрид оствари заработка од  точно 81 милион евра.

Зад водечката „тројка“, следуваат следниве клубови: Наполи (66 милиони евра), Монако (64 милиони евра), Арсенал (64.5 милиони евра), Атлетико Мадрид (60 милиони евра), Барселона (59.8 милиони евра), ПСЖ (55.3 милиони евра) и Баерн Минхен (54.8 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Херојот на Рома од финалето во Конференциската лига ја „украде“ веспата на Мурињо 🎥

Николо Заниоло стана херој на Рома, откако постигна гол во финалето против Феенорд во Конф…