Дома Фудбал Лук Шоу: Потребни ни се засилувања!

Лук Шоу: Потребни ни се засилувања!

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лук Шоу упати јавен апел до раководството на „црвените ѓаволи“ да го засили тимот во летниот преоден рок.

Манчестер Јунајтед ова лето го донесе само Дони ван де Бек, а лошо ја отвори сезоната со пораз на „Олд Трафорд“ од Кристал Палас.

„Имаме многу добра група на играчи, но лично сметам дека треба да се засилиме. Тоа може да ни биде ветер во грб. Кога ќе видиме како другите тимови се засилуваат, и ние мораме да настојуваме да држиме чекор“, истакна Шоу.

„Против Кристал Палас се тргна во лош правец, но сметам дека припемите не беа добри, имавме само една недела да тренираме заедно. Сепак, тоа не е изговор бидејќи имаме одличен квалитет“, додаде левиот бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета без попуштање за 16-годишниот Дауман: „Ова не е Дизниленд!“

Макс Дауман ќе го пропушти Ливерпул по исклучувањето против Флитвуд, а Артета порача дека …