Дома Фудбал Останато Лукаку во 25. годишна возраст е на чекор да сруши НЕВЕРОЈАТЕН рекорд

Лукаку во 25. годишна возраст е на чекор да сруши НЕВЕРОЈАТЕН рекорд

Одличниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку се наоѓа блиску со рушење на големиот рекорд во репрезентацијата на Белгија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако овој фудбалер има „само“ 25 години, на чекор е да стане првиот стрлец во историјата на Белгија, а за тој потфат потребни му се уште само шест гола. Лукаку за А селекцијата на Белгија дебитираше во 2010. година, а до сега на 60 натпревари постигна 25 гола и вчера го престигна Весели Сонк, кој од 2001. до 2010. постигна 24.

Ромелу Лукаку во моментов е шести стрелец во историјата на Белгија, а пред него се Роберт Де Вон (26), Марк Вилмотс, Џозеп Мерманс (28), Бернард Воорхоф и Пол Ван Химст (30).

Вреди да се напомене дека Лукаку е третиот најмлад дебитант во репрезентацијата на Белгија, со оглед на тоа што за А селекцијата првиот настап го запиша кога имаше 16 години и 296 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Покетино пред БиХ: Ова за нас е финале, шутиравме и пенали

Вечерва, пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Соединетите Америк…