Дома Фудбал Луис Дијаз само што се врати, повторно се повреди

Луис Дијаз само што се врати, повторно се повреди

Крилото на Ливерпул, Луис Дијаз го напушти тренинг кампот на „црвените“ во Дубаи и ќе се врати во Англија, откако го повреди коленото.

Тој се рехабилитираше од повреда на истото колено од 9 октомври и само што се врати на тренинзите ја обнови повредата. Пред три дека Колумбиецот се врати на тренинзите и отпатува во Дубаи со тимот.

Во клубот решија Дијаз да не го оперира коленото и паузата да ја искористи за рехабилитација, но повредата се искомплицирала.

Дијаз денес го напушти тренинг кампот и се врати во Англија да се лекува, а наскоро ќе стане јасно колку време ќе му биде потребно за рехабилитација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерлигашкиот сон почнува подолу: Зошто странските тренери го избираат Чемпионшип?

Полни трибини, голема видливост и можност за пробив во елитата: англиската втора лига стан…