Дома Фудбал Лоши вести за Милан, Флоренци аут пет месеци

Лоши вести за Милан, Флоренци аут пет месеци

Италијанскиот шампион Милан денес соопшти дека Алесандро Флоренци долго време ќе биде надвор од терените.

Флоренци се повреди на мечот против Сасуоло и се очекуваше набрзо да се врати на терените, но повредата се покажа потешка од предвидувањата.

Италијанецот денес се оперираше во Финска, а Милан соопшти дека периодот на рехабилитација ќе трае 5 месеци.

Тоа значи дека Флоренци ќе може да се врати на терените дури во март, но Милан пред затворањето на преодниот рок донесе негова замена, Сержињо Дест од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хајдук пред европски пресврт: Две победи му отворија пат до огромен скок

Максималниот старт во Конференциската лига не носи само бодови: сплитскиот клуб има шанса …