Дома Фудбал Англија Лошите вести не запираат: Конте со многу главоболки против Барселона

Лошите вести не запираат: Конте со многу главоболки против Барселона

Фудбалерите на Челзи синоќа доживеаа нов пораз на гоствањето против Вотфорд, каде што беа поразени со 4:1 во рамките на 26. коло од англиската Премиер лига.

Челзи се наоѓа во многу лоша форма во најлошиот можен предиод, бидејќи пред „Сините“ за две недели е натпреварот во рамките на осмина финалето против Барселона во Лигата на Шампионите. Челзи последниве неколку недели се наоѓа во очајна форма, а веќе на големо се шпекулира дека Конте би можел да добие отказ. Меѓутоа, тешко е да се очекува дека Абрамовиќ тоа ќе го направи, бидејќи следуваат важни натпревари за неговиот тим во следниот период.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Челзи за две недели го игра првиот натпревар од осмина финалето во Лигата на Шампионите против Барселона, а листата на повредени е се подолга. Кошмарот продолжи и синоќа, откако што поради повреда теренот го напушти Педро, кој најверојатно месец дена ќе биде надвор од терените.

Покрај него, повредени се и Рос Баркли, Алваро Мората и Андреас Кристенсен, а синоќешниот натпревар го пропушти и Маркос Алонсо. Меѓутоа, од Челзи потврдија дека не е ништо сериозно и дека тоа го направиле од претпазливост.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…