Дома Фудбал Останато Лопетеги после краткиот престој во Реал, повторно станува селектор?

Лопетеги после краткиот престој во Реал, повторно станува селектор?

После краткиот престој на клупата на Реал Мадрид, Јулиен Лопетеги не брза со пронаоѓањето нов ангажман.

Лопетеги на „Сантијаго Бернабеу“ како тренер помина нешто помалку од четири месеци во кои имаше катастрофални резултати со „кралевите“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, странските медиуми објавија дека 52 годишниот Лопетеги е главен кандидат за превземањето на репрезентацијата на САД која во овој момент е предводен од Дав Сарчан, но тој е само привремено решение.

Како што е добро познато, водењето репрезентација за Лопетеги нема да биде некоја новост со оглед на тоа дека пред Реал Мадрид ја водеше и селекцијата на Шпанија.

Наводно, првиот впечаток на Лопетеги од понудата бил позитивен и наскоро се очекува договорот да биде постигнат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатен дебакл за Челзи. Ова не им се случило 114 години

Фудбалерите на Брајтон триумфираа со 3:0 против Челси во натпревар од 34. коло на Премиер …