Тренерот на Севиља, Јулиен Лопетеги беше горд на своите играчи иако беа поразени од Баерн после продолженија во борбата за Суперкупот на Европа, но во изјавата по мечот тој ја критикуваше и шпанската лига поради распоредот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Баерн стигна до трофејот победувајќи со 2:1.
„Дојдовме со намера да го победиме Баерн и ги натеравме добро да се помачат. Одлично покажавме дека треба да бидеме горди. Одиме понатаму, сега немаме време за тагување. Следниот натпревар го играме веќе во недела, место во понеделник. Ова го има само во шпаснкиот фудбал“, се пожали Лопетеги.
Севиља во недела ја очекува натпревар во Ла Лига против Кадиз.