Дома Трансфер зона Ливерпул ја сака ѕвездата на Аталанта

Ливерпул ја сака ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туен Копмајнерс.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


25-годишниот Холанѓанец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па и самиот сака да направи чекор напред во кариерата.

Компајнерс одигра одлично на дуелот со Ливерпул во Лига Европа, па „црвените“ останале импресионирани и сакаат да ја победат конкуренцијата за неговиот потпис.

Интерес за Копмајнерс покажува и  Јувентус, но Ливерпул е спремен да понуди повеќе и да ја добие битката  за потписот.

Самиот играч сака да ја промени средината и да направи чекор напред во кариерата, а Аталанта е свесна дека нема да може да го задржи но за неговата слобода бара најмалку 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…