Дома Топ вести Ливерпул спреми понуда за Нуњес, ќе биде најскапо засилување во историјата на клубот

Ливерпул спреми понуда за Нуњес, ќе биде најскапо засилување во историјата на клубот

Ливерпул започна преговори со Бенфика за трансфер на напаѓачот Дарвин Нуњес, пренесуваат медиумите на Островот.

Од „Луж“ знаат дека ќе биде тешко да го задржат во својот тим, но ќе сакаат да добијат максималната сума од неговата продажба.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Според „Дејли Мејл“, „црвените“ имаат предност пред Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, кои се главни конкуренти за најдобриот стрелец на „орлите“.

Нуњес се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во светот, а засилување во нападот стана приоритет за Ливерпул после заминувањето на Ориги и барањето за трансфер на Мане.

Нуњес сака да ја продолжи кариерата на „Енфилд“, а Ливерпул веќе започнал преговори со Бенфика.

Според англиските медиуми ова ќе биде најскапиот трансфер во историјата на клубот и ќе чини 85 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…