Дома Фудбал Англија Ливерпул има опција како да ги задоволи барањата на Салах

Ливерпул има опција како да ги задоволи барањата на Салах

Раководството на Ливерпул има идеја како да ги задоволи финансиските желби на Мохамед Салах, за двете страни да стигнат до договор за продолѓување на соработката.

Актуелниот договор на Салах истекува во јуни 2023 година, а Египќанецот е според многумина играч во најдобра форма во светот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Преговорите околу новиот договор се во застој, бидејќи финансиските барања на Египќанецот се премногу високи, иако самиот истакна дека преферира да остане на „Енфилд“.

Пред неколку дена се појавија информации дека Салах бара плата од 400.000 фунти неделно и сака да биде најплатен фудбалер во Премиер лугата.

Ливерпул му нуди значително зголемување на платата, но не може во целост да ги задоволи неговите финансиски барања. Поради тоа раководството на „црвените“ е спремно да му понуди многу атрактивни бонуси, со цел да го задржи фудбалерот на „Енфилд“.

Ливерпул е оптимист дека до крајот на сезоната Салах може да потпише нов договор, во спротивно ќе мора да биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …