Дома Фудбал Англија Ливерпул го избра новиот тренер, преговорите во напредна фаза

Ливерпул го избра новиот тренер, преговорите во напредна фаза

Преговорите помеѓу Ливерпул и тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим се во напредна фаза, пренесуваат англиските медиуми.

Аморим, наводно, веќе им кажал на своите најблиски луѓе и соработници дека е подготвен да го преземе Ливерпул и да ја прифати понудата од „Енфилд“.

Лидерите во Премиер лигата веќе се во преговори со агентите на Аморим, кои му се добро познати на клубот бидејќи го претставуваат и Луис Дијаз.

Спортинг е лидер во првенството со бод повеќе од Бенфика и до крајот го чека грчевита борба за титулата во Португалија.

„Не можам да гарантирам дека ќе останам во Спортинг и следната сезона. Не можам да го кажам тоа што кажа Чаби Алонсо. Треба да разговараме за мојата иднина и ќе ја договориме кога ќе биде вистинскиот момент“, изјави Аморим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА има ново правило, две гостувања веќе не можат да се случат сезонава

Лигата на шампионите влегува во својата трета сезона со новиот формат, носејќи со себе и н…