Дома Фудбал Англија Легендата на „топџиите“: Венгер ништо не ме научи!

Легендата на „топџиите“: Венгер ништо не ме научи!

Легендарниот фудбалер на Арсенал, Тони Адамс, е само уште еден во низата легендарни фудбалери кои изнесе обвинувања кон Арсен Венгер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Тој е многу добар човек, навистина добар. Лесно е да му се доближиш, сакав да работам со него иако кога е фудбалот во прашање тој ништо не ме научи, ниту мене, ниту моите соиграчи. Сепак, верувам дека тој и понатаму е најдобар тренер во Премиер лигата кога во прашање се физичките припреми“, изјави Адамс.

Легендарниот капитен на „Топџиите“ е еден од оние кои сметаат дека Французинот би требало да го отстапи местото главен тренер на Арсенал и да се пресели во управата на клубот.

„Не ми е јасно зошто сеуште не добил отказ…Го познав, тој зборува дека работата е живот како и дека би умрел кога би престанал да работи. Но, за Венгер место во Арсенал секогаш ќе има, сигурно би добил место во управата, клубот не сака да се откаже од него. Сметам дека треба да го испратиме и да се простиме од Венгер, а потоа тој да започне да работи во управниот одбор“, заврши Адамс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спектакл во Лос Анџелес: Најдобриот меч на Светското првенство, Нов Зеланд во трилер освои бод против Иран (Видео)

Лудница во Лос Анџелес! Малкумина очекуваа дека дуелот помеѓу Иран и Нов Зеланд ќе донесе …