Дома Фудбал Легендарниот Рој Хоџсон и на 75 години потпишува нов договор

Легендарниот Рој Хоџсон и на 75 години потпишува нов договор

Рој Хоџсон и наредната сезона ќе биде тренер на Кристал Палас. Искусниот стратег е на одмор, а се очекува да потпише договор кога ќе се врати.

Хоџсон Палас повторно го презема во март, по отказот на Патрик Виера и избори опстанок во Премиер лигата освојувајќи 18 бода на наредните десет натпревари, па Палас заврши како 11-ти.

Од 2017-та до 2021-ва година Хоџон го водеше Палас, потоа беше на чело на Вотфорд со кој испадна во Чемпионшип.

Во текот на својата 45 години долга кариера беше тренер на Интер, Блекбурн, Фулам, ВБА…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…