Дома Видео Легендарниот Патреску замени играч во 25. секунда (ВИДЕО)

Легендарниот Патреску замени играч во 25. секунда (ВИДЕО)

Легендарниот романски тренер Дан Патреску денес е тренер на Клуж со кој пред десетина дена испадна од Севиља во 1/16 финалето од Лигата на Европа.

Патреску се најде во центарот на вниманието поради потегот на последниот натпревар против Газ Метан кога го замени играчот после 25 секунди. Да, 25 секунди од почетокот натпреварот.

Тоа го направи за да ги заобиколи правилата на романската лига. Имено, Романците минатото лето воведоа правило дека во првите 11 мора да има барем двајца играчи помлади од 21 години. Еден од нив мора да одигра цел натпревар, а другиот може да се замени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Kилијан Мбапе два пати го одбил Манчестер Јунајтед, една од причините сега е повеќе од иронична

Kилијан Мбапе денес е една од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал и конечно го оствари …