Дома Фудбал Италија Легендарниот голман призна: Донарума е подобар од мене!

Легендарниот голман призна: Донарума е подобар од мене!

Легендарниот италијански голман и еден од најдобрите на сите времиња, Дино Зоф му предвидува блескава иднина на младиот Џанулиџи Донарума и тврди дека може да биде подобар од него.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Донарума викендов наполни 18 години, а веќе има 60 настапи за гигантот од Милано и стана најмладиот дебитант во историјата на италијанската репрезентација.

„Во иднина го гледам како подобар од мене. Прави неверојатни работи, сигурно ќе има феноменална кариера. Неговиот почеток на кариерата е неверојатен и многу ветува. Мојот совет е да остане скромен и да работи секојдневно за да се подобри, особено во техничкиот аспект кој некои голмани го забораваат“, изјави легендарниот Зоф.

Донарума е под договор со Милан, но за него се интересираат бројни европски гиганти кои се спремни да плататцело богатство за неговиот потпис.

„За иднина ќе му бидат потребни срце и разум. Мислам дека веќе е во небо и дека не треба да размислува за промени. Моментално му е добро во Милан, тоа е еден од најголемите клубови во светот, а после неколку години може да размислува за иднината“, заклучи Зоф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сити му ги продава на големиот ривал двајцата напаѓачи за дури 151 милион евра

Тотенхем е на прагот на еден од најголемите договори во овој преоден рок, а лондонскиот кл…